ЖивотУбави совети

Ајде да зборуваме за депресијата со Д-р Ангелчо Андоновски

Оваа година, Светската здравствена организација овој ден сака да го одбележи со мотото АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ. Депресијата е клучниот момент кој што се случува на светската популација. Тој момент е докажано погубен за голем број на светската популација. 300 милиони народ живее со депресивен синдром, кој секако не ја одбегнува нашата држава. Генерализирано ставот е да луѓето со таков проблем бидат вклучени со разговор и да со наша стручна помош излезат од тој депресивен момент. Да се навратиме на нашата држава која секако е иста во процентуална застапеност на депресија како и светскиот процент, со тоа што ние треба да сфатиме дека свесно се преборуваме и со некој моменти кои додатно влијаат врз појава на депресивност и анксиозност, а и апатија. Да сфатиме дека ние како стручни лица можеме да посочиме како да се справуваат лицата заболени од депресија, имаме начин на фармаколошко и психијатриско лекување.

Во модерните општества луѓето заболени од депресија слободно и без никакви табуа посетуваат психијатар, стручно медицинско лице кое ги канализира и помага во справувањето со сите тие проблеми кои ги има една депресивна личност. На тој начин го спречува и најлошиот момент или кулминацијата на депресивниот момент а тоа е суицидот или појава на суицидални самоубиствени идеи. Затоа сите лица кои чувствуваат депресија слободно без никакви предрасуди да се јават на стручно лице кое секако ќе им помогне во справувањето со нивниот огромен проблем. Сакам како лекар да им посочам на нашиот народ кој живее во Македонија и кој е сведок на се што ни се случува во нашата држава едноставно да заборави на тие тековни проблеми кои се многубројни и да најде моменти кои ќе му ја вратат насмевката и ведрината. Моменти со семејството, дружба со пријателите и барањето на сопствената среќа. Само тој човек кој е упорен за да го исполни својот сон навистина ќе го исполни. Инаку само на кратко ќе напоменам дека депресивните луѓе лошо ја пренесуваат својата моментална ситуација и на средината која ги опкружува ширејќи го своето негативно расположение внатре во своето семејство и врз своите деца, а тој момент е еден од најлошите моменти во текот на самиот процес на депресија кај еден заболен од депресија. Тука под итно ќе мора да се побара помош од стручно лице бидејќи другите последици можат да бидат и не поправливи. Затоа повторно апелирам ослободете се и АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ, а со тоа и да решаваме се што ни е проблем. Честит празник драги колеги и сите вие кои учествувате во грижата за здравјето на нашиот народ.

АВТОРСКИ ТЕКСТ НА Д-р АНГЕЛЧО АНДОНОВСКИ

Поврзани статии

Back to top button