Убави вести
Анкета: „Колку Скопје е женски град?“
„Колку Скопје е женски град?“Ова истражување го спорведува граѓанската, непрофитна, непартиска „грас рут“ организација за родова еднаквост и женски права и слобода ЕДНА МОЖЕ!
Истражувањето е со цел да увидиме дали Скопје ги задоволува потребите на своите жителки. Дали градот ни нуди живот низ кој нема да ни бидат прекршувани основните човекови права, кои ги имаме со самото доаѓање на свет и кој ни се загарантирани со Устав и Закон.
Дали е Скопје женски град? Што треба да направиме за да биде?
Личните податоци не се неопходни а за оние кои ќе одлучат да ги впишат, загарантирана е безбедноста.
Да видиме како заеднички да издејствуваме и да го направиме НАШЕ СКОПЈЕ!
Со љубов,
Една може! тим