ЖивотУбави совети

Ако често ги слушате овие реченици од вашиот партнер, оставете го додека е време!

Манипулаторите сакаат да управуваат со другата личност и да ја постигнат својата цел. Кога ќе почувствуваат дека ги трошат вашите мисли, чувства и убедувања, манипулаторите тогаш имаат моќ да владеат со секој аспект од вашиот живот.

Внимавајте, и сами ќе можете да ги забележите нивните најчести фрази во текот на манипулацијата. Секогаш исто зборуваат и исто пијат енергија, каде можат се разбира. Доколку имате партнер кој често ги изговара овие реченици, оставете го!

“Не си ме разбрала” На сите ни се случува понекогаш погрешно да ги протолкуваме работите, но манипулатор намерно ќе ве убедува дека погрешно се го разбрале и ќе ви ја повторува приказната. Ова ќе создаде несигурност и сомнеж во вас и така тој ќе држи контрола над она што мислите, зборувате и верувате.

“Претеруваш…” Манипулаторите многу често ја користат оваа реченица или слична “Реагираш бурно”. Вака ќе ве спречи да ги искажете своите мисли и емоции и тој ќе продолжи со манипулацијата.

“Ти не можеш без мене” Цело време ќе ја повторуваа оваа реченица, кога и да започнете вербална дискисија тој ќе се брани вака. Една лага кажана повеќе пати може да стане вистина. Вака манипулаторите си играат со психичката состојба на партнерите.

“Ти си…” Љубоморна, посесивна, параноична и сл. На тој начин манипулаторот кај жртвата создава чувство на несигурност и создава хаос, ќе се прашувате дали навистина сте луда, параноична или без потреба љубоморна.

 

Поврзани статии

Back to top button