МодаУбави совети
Џемперот кој ги освои познатите дами
![](https://ubavo.mk/wp-content/uploads/2017/10/2017-08-dzemperi_s_natpisima_apstrkt_960272584-780x470.jpg)
Дамите кои ја следат модата ја сакаат есента затоа што таа носи многу можности за комбинирање и создавање стилски комбинации но и за покажување на сите трендовски парчиња кои ќе ја одбележат сезоната.
Оваа есен, сведоци ќе бидеме на еден интересен и воочлив тренд на кој не останаа рамнодушни ни познатите дами како Алесандра Амброзио, Изабеил Фонтана и Изабел Гуларт.
Станува збор за џемпери со натписи кои оваа есен ќе бидат голем хит. За овој тренд најзаслужна е дизајнерката Алберта Ферети која на почетокот од оваа година ја претстави колекцијата на џемпери и пуловери со натписи по кои полудеа манакенките, модните блогерки и девојките кои сакаат да бидат ин.