Ќе се вљубите на прв поглед, ќе се воодушевите, ќе разгледувате и ќе останете без зборови од волшебната убавина…
Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители. Токму овој град е едно од најзначајните туристички места во Турција. Изобилува со илјадници хотели и останати туристички капацитети во градот со одлична понуда за туристи и случајни патници. Својата богата понуда во поголема мера е достигната со огромната историја што Истанбул ја има и поради големото значење на самиот град низ вековите. Овој град е град за сечиј вкус. Ќе се вљубите на прв поглед, ќе се воодушевите, ќе разгледувате, ќе откривате и ќе останете без зборови од волшебната убавина, но сепак никогаш нема да дознаете се за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и се така до недоглед…Туризамот во Турција воглавно се базира на различна понуда на археолошки и историски локалитети, но исто така и понудите на приморскиот туризам на бреговите на Егејското Море и на Средоземното Море. Исто така, во последните години Турција станува атрактивна дестинација за спа туризам и за медицински туризам. Турција е 9 најпосетувана земја во светот и седма во Европа.Големиот пазар во Истанбул (Капали Чаршија) е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Една посета на овој град нема да ви дозволи да ги откриете сите негови прекрасни тајни. Затоа започнете дружба со градот навреме, и нека тој стане ваша постојна дестинација од која секогаш ќе си заминувате воодушевени и исполнети!