Њујорк во волшебна бајка
Големото Јаболко е идеална дестинација за туристите кои патуваат во пролет.
Најнапред, поради тоа што ќе го одминете снегот и променливото време и ќе имате можност да го истражите градот додека пешачите, ослободени од тешка облека и огромни чадори. Во пролетните месеци, просечната температура на воздухот во Њујорк се движи од 13 до 20 степени.
Настрана метеоролошките информации, Њујорк за време на пролетните денови е приказна која мора да се доживее за да се прераскажува. Низ улиците ќе ви се насмевнуваат сончевите зраци и огромните расцветани крошни, а Централ Парк е вистинска бајка која ќе ви го одземе здивот и ќе ве плени со сите бои и мириси на природата.
Ако сè уште не сте сигурни дали оваа пролет треба да го посетите Њујор, фотографиите кои следат ќе ве мотивираат што побрзо да отпатувате!