Од насУбави муабети

Љубов која ќе умре кога рацеве повеќе не ќе ми имаат сила!

Често пати ми се случуваше да ми тежат проблеми, но да немам кому да ги изустам, кому во доверба да ги кажам. Да имам чувство како сопствената кожа да ме затега, како мала да ми е, тесна за моиве мисли. А, од сопствената кожа кој успеал да побегне?! Си велев ќе дојде ден тоа чувство да си замине. Но, не доаѓаше тој ден. изгледа кај мене му беше удобно, како дома се чувствуваше, како баш по мерка да му е или сигурно беше дека тоа е само мое, дека не го делам со никого.

Па, мислејќи како да си олеснам се досетив. Земав лист хартија и на неа и се исповедав. Се од душата почнав на неа да изнесувам. И така започна, пишував, пишував наутро, навечер, секогаш штом ќе ми затежи нешто јас барам лист хартија. Кога немам во близина хартија јас пишувам на салфетки, фискални сметки, палома марамчиња кои секогаш ми се наоѓаат во мојата чанта. И убаво си велев, дојде денот кога мојата кожа ми стана удобна.

И, симпатиите меѓу мене и пишаниот збор се родиа, прераснаа во нераскинлива безусловна и најискрена љубов која ќе умре кога рацеве повеќе не ќе ми имаат сила да го држат пенкалцето!

Поврзани статии

Back to top button