Од насУбави муабети

Во љубовниот живот има само две правила, кои навистина функционираат и се значајни!

Во љубовниот живот има само две правила, кои навистина функционираат и се значајни. Тие исто важат и за мажите и жените. Оние кои не ги знаат, се осудени да губат време и нерви со луѓе кои не им одговараат.

Прво правило. Односот треба да биде лесен. Леснотијата треба да преовладува од самиот почеток, од првите моменти. Човек одма се препознава, како стар пријател. Тој ви одговара повеќе од колку што можете да претпоставите уште на самиот почеток, тоа длабоко во вас се чувствува. Момчето пред кое уште на првиот состанок по неколку минути без срам можете да одите во тоалетот на трговскиот центар, е подобар за вас од оној на кого сте му пишувале пораки седум години без да добиете одговор. Девојката која од првиот момент без срам покажала дека се интересира за вас е подобра од онаа лепотица која прво треба да ја однесете на Бахамите. Едноставно – значи добро! Сложено – значи лошо! Нема потреба од докажување. Нема зошто никому сметка да давате за ништо. По никој не треба да трчате, да се докажувате и менувате. Затоа што ако го направите еднаш, тоа ќе го правите секој ден, а за возврат ќе добиете само каприциозно несреќно секојдневие. Ако од самиот почеток не тргне на добро, не трудете се залудно, не влечете ја мачката за опаш. Значи тоа не е вашиот човек. Сложените односи се погодни само за оние кои се досадуваат и кои имаат многу слободно време. Сите други страдања ги уништуваат само нервите. Вие не треба да прифаќате и на грб да си товарите сложени односи. Ставот во кој само се трудите, подредени на волјата на другите е понижувачки. Порано или подоцна, ќе се достигне границата на вашето трпение. Не дозволувајте да бидете вовлечени во сложени односи.

Второ правило, но не помалку важно. Односите треба да донесат радост. Оваа состојба исто така не бара докажување. Штом врската престанува да носи радост и почнува да доведува до гадост, пресечете ја оваа појава во корен. Немојте да се навикнете на кавги, солзи и кршење на садови. Оставете ги долгите разговори, престанете со меѓусебно обвинување. Тоа не е нормално! Тоа е патот до пеколот! Штом врската не носи радост, таа станува бескорисна. Вашите меѓусебни навреди ви станаа секојденвие. Со години си ги перете своите умови со непотребни обвинувања! Нема потреба за тоа! Веднаш штом ќе сфатите дека вашите зборови ја одземаат радоста – затворете ја устата. Штом започнуваат кавгите – заминете. Тој човек кој само сака да ве обвини и навреди – не дозволувајте вашите чувства на вина да почнат да ве фрустрираат. Излезете од врската! Врските се потребни за радост. Сите други врски “поради деца”, “бидејќи поминале години”, “ваша навика”, “бидејќи без него/неа ќе е уште полошо”, можете само да ги земете и да го однесете во ѓубрето.

За мене, постојат само две главни правила. Дали се согласувате со нив?

Поврзани статии

Back to top button