Од васУбави муабети

Ја сакам ноќта, бидејќи таа ме води до тебе…

Ја сакам ноќта, бидејќи таа ме води до тебе… Го сакам  и снегот, бидејќи тој 
ги крие трагите кои ги оставам, додека нестрпливо трчам во твојата 
прегратка… Го сакам ветерот, бидејќи тој ми ги праќа твоите мириси, кога не 
си до мене… Ја сакам пролетта, бидејќи во мене ги буди сите наши убави 
спомени.. Го сакам дури и дождот, бидејќи тој ги мие нашите души од сите 
наши сомнежи… Гледаш јас сакам се кога сум со тебе.. Јас сум подобра 
личност заради тебе… Јас сум sвезда во ноќта, јас сум нежна снегулка, јас сум 
лист на ветрот, јас сум птица во пролет, јас сум капката дожд која се стопила 
на твоите усни… Јас сум слатка мелодија која те гали, една мала црвена ружа, 
капката црвено вино, сјајот во твоите очи, скриеното катче во твоето срце.. А  
ти!? 
Автор: Андријана Думевска
  • Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button