Што треба да поседува оној Вистинскиот?
Потрагата за маж од соништата не е ни малку лесна, напротив! Повеќето жени на самиот почеток се откажуваат, бидејќи знаат дека ќе се сретнат со многумина кои не се ни слични со нивните идеали. Иако вкусите се различни и не се дискутираат, постојат некои карактеристики кои се регулирани со консензус. Еве што треба да има или да нема Оној Правиот…
Не смее да има предрасуди. Да има свое мислење е одлично, но мажот кој е затворен за нови идеи и туѓи мислења воопшто не е материјал со кој треба да се занимавате. Да се биде во врска со маж кој нема предрасуди е вистинско уживање. Тој маж умее да разбере, да почитува и да не критикува туѓ начин на живот, туѓи идеи и замисли, напротив цврсто стои до своите, но секогаш од она што го гледа и слуша учи нешто плус.
Мора да има цел. Мажите кои немаат цел во животот, слободното време го поминуваат пред телевизорот, во кафич или во кладилница. Не можат дури ни да се наречат мажи, туку лешинари. Со оглед на тоа држете се што подалеку од таквите. Секоја личност треба да поседува доза на амбициозност. Они кои ја немаат, само лутаат низ животот.
Мора да има смисла за хумор. Колку и да е згоден и убав, доколку не поседува смисла за хумор вашата врска ќе стане досадна и неудобна. Врските со пресериозни мажи обично се краткотрајни. Во животот на една жена е потребен маж кој во секој момент ќе може да ја расзвесели и насмее. Доколку заедно се смете, ќе ви биде забавно се што правите.
Мора да има големо срце. Доколку мажот нема емпатија, дух и отворено срце, без оглед колку е успешен и згоден држете се подалеку од него. Мажот треба да е внимателен, близок со семејството и пријателите, доброволно да помага каде треба, а сочуство да има во огрома количина. Внимателните мажи кои умеат да се грижат за чувствата на својата поубава половина не се срамат од своите чувства, па доколку најдете таков маж не испуштајте го!