Што ни кажува потсвеста: Дали сонувавте дека сте се збогатиле? Ова е скриеното значење на тој сон!
За време на спиењето, нашата потсвест продолжува да работи и да ги анализира ситуациите низ кои поминуваме додека сме будни.
Соништата честопати имаат способност да не водат кон претстојните настани, да откријат скриени желби, да расветлат проблеми, трауми и дилеми, а понекогаш и да даваат оправдување за нашите постапки.
Преку соништата често ги обработуваме мислите кои не преокупираат во текот на денот, а користејќи го овој тип на интроспекција доаѓаме до одговори на прашањата кои не мачат. Не е невообичаено секој од нас барем еднаш да посака изобилство и материјална сигурност. Нема ништо лошо во таквите желби, се додека тие не им наштетуваат на другите. Но, што се случува кога тие мисли ќе се пренесат во светот на соништата?
Кога сонуваме дека сме богати, тоа може да укаже на тенденција да избегнуваме ризици во реалниот живот. Нашата желба да останеме безбедни и под контрола може да не спречи да се опуштиме и спонтано да реагираме на ситуации. Често го планираме секој чекор однапред, не сакајќи изненадувања, дури ни пријатни. Непредвидените настани нè збунуваат и потребно е време за повторно да се етаблираме после таквите искуства.
Од друга страна, сонот за стекнување богатство може да предупреди за можни недоразбирања или кавги во околината. Веројатно ќе се отвори дискусијата за поделба на наследството и секој учесник ќе се залага за сопствените интереси. Ова може да предизвика постојана напнатост меѓу членовите на семејството, да ја намали меѓусебната комуникација и да го зголеми растојанието.
Ако сонуваме дека губиме богатство, тоа може да укаже на потенцијално запоставување на вистински пријател. Во тој случај, можеби нема да ја препознаеме важноста на поддршката и разбирањето што ни ги дава. Ќе се фокусираме на помалку важни работи и ќе ги игнорираме важните односи. Како што поминува времето, ќе сфатиме колкава грешка направивме кога веќе немаме поддршка и разбирање на кои сметавме.
Како и секогаш, толкувањето на соништата зависи од контекстот и чувствата кои го придружуваат сонот, но често во таквите соништа можеме да доживееме среќа, задоволство, радост и гордост, но и спротивни емоции како суета, завист, љубомора и гнев.