МодаУбави совети
Што не излезе од мода години наназад?
Како поминува времето така модата се менува. Различни парчиња на гардероба влегуваат и излегуваат од мода, но има некои парчиња кои се носеле години наназад, а се носат и до ден денешен.
Едноставните мини тексас здолништа се токму од оние парчиња на гардероба кои секогаш се вистински хит. Кога и да се одлучите да ги облечете нема да погрешите и со леснотија ќе ги искомбинирате. Се носат на високи и ниски потпетици, на старки, балетанки и патики. Се носат и комбинираат буквално со се. Ако телесната тежина не ви варилала многу низ годините, вие сигурно ќе може да го носите истото џинс здолниште од пред неколку години и воопшто да не изгледате старомодно.