Што е спирулина и кои се нејзините придобивки?
Што е спирулина?
Станува збор за цијанобактерии, односно сино-зелени алги, кои растат во свежа и солена вода во тропските предели (Централна Африка, Азија, Централна Америка). Исто така, може да се конзумира во свежа форма, но најчесто, се користи во варијанта во прав.
Хранливи вредности на спирулината
Светската здравствена организација ја карактеризира спирулината како суперхрана. Оваа алга е богата со витамини Б, калиум и калциум, а содржи и фикоцијанин – антиоксиданс и сино -зелен пигмент одговорен за бојата на самата алга.
Покрај микронутриентите, оваа алга содржи и голем процент протеини. Околу 7 g прашок од ова растение (1 лажичка) содржи 20 калории, 4 g протеини, 2 грама маснотии, 2 грама јаглени хидрати, 1 g влакна и 1 g шеќер.
За што е здрава спирулината?
Го отстранува оксидативниот стрес со неутрализирање на молекулите на слободните радикали. Така, го намалува ризикот од дијабетес тип 2, некои видови рак, како и хронични заболувања.
Истражувањата покажаа дека оваа алга има антиалергиско дејство и дека ги намалува симптомите на алергии како кивање, чешање на кожата и течење на носот.
Фитоцијанинот во алгите го штити срцето и го намалува високиот крвен притисок, покажаа студиите.
Исто така, се покажа дека спирулината е ефикасна во лекувањето на анемија и недостаток на железо.
Некои истражувања, исто така, покажаа дека оваа алга го зајакнува имунолошкиот систем.
Како се користи спирулината?
Кога се користи за прв пат, се препорачува да се консумира 1 грам спирулина дневно. Инаку, препорачаниот внес на спирулина е од една до две лажички (од три до шест грама дневно).
Можете да ги промешате овие алги во вода и да ги консумирате на тој начин, но исто така можете да го додадете правот во смути, овесна каша, разни сосови, па дури и десерти.
За да го маскирате вкусот на спирулината, советот е да додадете лажица мед во утринската каша.