Во ЉУБОВТА нема откaжувања!
Вообичаено сакам да гледам од друг агол. Тој за многумина можеби е чуден, но за мене вистински и можен, точно во тој момент. Љубовта на сите ни е дадена, но не и подарена со моќ за самообновување, зајакнување и одржување. Често пати веруваме дека нема многу простор за наше делување, а има. И повеќе од што може да замислите има! Таа е релациски феномен. Се јавува на место каде двајца се расположени да чујат за другиот и за себе.
Релацијата се појавува во односот, одговорноста за основите кои се засноваат на потреби, желба, восхит, грижа, честа посесивност, а и посветеност. И интимноста која ја делат двајца партенери е близина со взаемно прифаќање, нега, размена и вреба. Мора да се дадете и да сочувствувате и да разбирате за да опстоите. Кога се ова не е обострано, партнерите почнуваат да се оддалечуваат, да кријат тајни еден од друг оставајќи празен простор меѓу себе кој не може сам по себе да се затвори, туку само се зголемува. Толпа несреќни млади луѓе, кои не дозволуваат да го покажат она кое го чувствуваат. Што ги спречува тие млади луѓе да ги отворат капиите на љубовта?
Стравот дека ќе бидат можеби излажани, исмејани, повредени или пак оставени? Стравот дека ќе бидат видени на начин на кој не сакаат да бидат видени? Чувството на вина што не успеале некогаш претходно? Помислата дека можеби самите ќе побегнат и остават сè зад себе затоа што не е се онака како што фантазирале, верувале и очекувале? Многу прашања без одговор.
Љубовта има свои различни лица кои ја прават да биде комплексна. Љубовта ја сочинуваат посветеноста, страста и интимноста. Страста е таа која на почетокот ги споила партнерите. Интимноста сами ја создаваат, споделувајќи си сè, зближувајќи се на секој можен начин. Посветеноста е оној свесниот напор кој се прави да се зачува врската. Подеднаква застапеност на овие аспекти ни ветува квалитетна, среќна, страсна и долготрајна љубов. На нас е да посегнеме и досегнеме, да ја изргадиме и сочуваме нашата љубов. Во ЉУБОВТА нема откaжувања!