Што ви треба за природен и нежен изглед?
Кога станува збор за дневна шминка која е неутрална и ненападна, важи правилото помалку е повеќе. Денската шминка треба да е лесна и природна, па затоа избегнувајте ги темните нијанси за преку ден.
Доколку сакате да постигнете максимално природен и нежен изглед за преку ден, следете ги нашите совети.
За постигнување изедначен тен, прајмерот е задолжителен. Ја препорачуваме базата за шминка PRIME ME! на AURA чија формула е на база на вода и без штетни парабени и совршено ја хидрира кожата. Оваа база ќе ги прикрие сите недостатоци, ќе ве заштити од ултравиолетовите зраци, ќе го направи вашиот тен да изгледа свеж и изедначен, ќе ги сокрие сите неправилности на лицето, го намалува црвенилото на лицето и е одлична подлога за течната пудра.
За постигнување на максимално свеж изглед, продолжете со течната пудра TAKE CARE OF ME! Оваа пудра е погодна за сите типови на кожа, овозможува средна покривност и е идеална за секојдневна употреба. Освен корективниот ефект таа има и заштитен. Збогатена е со SPF 15 кој ќе ве штити од сонцето и со важниот витамин Ц кој штити од негативното влијание на слободните радикали кои се наоѓаат во нашата животна средина. Содржи и комплекс на билни екстракти кои ја хидрираат кожата и ја прават мека.
Следен чекор е нанесувањето на руменило. Наша препорака се руменилата Glorious Cheeks на AURA кои нудат природен изглед зачинет со доза на софистицирана елеганција. Само тенок слој од овие интензиво пигментирани руменила на јаболчните коски ќе ви овозможи свеж изглед кој трае се до вадењето на шминката. Доколку се двоумите за вистинската нијанса, ви предлагаме да ја пробате нијансата 223 Martini која со розевкастиот тон е одличен избор за денска шминка.
За нежна дневна шминка, маскарата е задолжителна. Нашиот избор падна на SHAPE IT UP black маскарата на AURA која совршено ги витка и обликува трепките, при тоа давајќи им волумен, боја и свиленкаста текстура која трае и трае…
И дневната шминка никако не поминува без кармин. Пробајте ги мат кармините на AURA. Кармините ABSOLUTE MATTE се долгоотрајни, не ги сушат усните и имаат моќни нијанси. Можете да одбирате помеѓу 26 нијасни од овој кармин, но за денска шминка наш фаворит е карминот ABSOLUTE MATTE 624 Last Goodbye кој одговара на сите нијанси на кожа.
Со помош на овие прозиводи ќе постигнете природен изглед, совршен за сите денски прилики и нежна шминка која ќе трае цел ден.