МодаУбави совети

Што ви е потребнo за престојната есен?

Едно парче гардероба може да ви помогне максимално во секојдневното комбинирање. Црни панталони се маст-хев за секој женски гардеробер затоа што поскоро набавете си барем еден пар. Ќе ви го олеснат комбинирањето, ќе изгледате послаби и ќе може да ги носите за секоја пригода. Менувајте ги кошулите, џемперите и блузите. Не излегуваат од мода и задолжително секоја една жена мора да ги поседува. Нека бидат со висок стук и долги до глуждовите. Одлучете се за ултра тесен или за полежерен и поширок  модел. Можете да ги носите било каде, а посебно во деловни пригоди бидејќи се елегантни, иако истовремено изгледаат и опуштено и модерно. Одберете црни панталони од материјал кој визуелно ќе направи да изгледате повисоки.
За подолго да ги носите и да не ја изгубат бојата ве советуваме да ги перете со течен детергент и да ги сушите превртени наопаку. Што поскоро набавете класични црни панталони кои ќе ви дојдат при рака секогаш кога немате инспирација.

Поврзани статии

Back to top button