МодаУбави совети
Што ви е потребно во гардероберот ако сакате да изгледате повисоко?
Ако го читате ова, вие сигурно сте една од девојките кои припаѓаат на категоријата +/- 160 сантиметри и сакате барем уште еден сантиметар. Се разбира, не можеме сите да бидеме високи, но најдобро е што визуелно може да ја издолжиме својата фигура со правилно избирање на облека и модни додатоци. За да го постигнеме тоа на едноставен начин, потребни ни се неколку парчиња во гардероберот:
- Фармерки и пантолони со висок струк
- Чевли со платформа или високи потпетици
- Панталони со широки ногавици
- Кошули, џемпери и блузи со V отвор
- Миди фустани кои ќе ги носите со ремен на струкот
- Кратки капути и јакни