Чорба од лосос со сирење
Потребни состојки:
250гр лосос филети
2 лажици кромид
4 лажици масло
2дл бело вино
2 чеплиња лук
0.5л супа од коцка
1 лажица брашно
50гр рендано сирење
1 домат
сол, бибер и ловоров лист
Подготовка: Во сад со масло ставете го исечканиот кромид и пржете го додека не омекне. Филетите од лосос исечете ги на ситни коцки, додадете го изренданиот лук, сол, бибер, ловоров лист и промешајте ги. Така приготвените филетит додадете ги на испржениот кромид, додадете го виното и сето тоа варете го на тивок оган околу 15 минути. А потоа извадете ги парчињата риба во посебен сад. Исчистениот домат проварете го во супата од коцката додека не омекне и додадете го на чорбата. Во сад измешајте го брашното со малку вино и додадете го на предходната смеса и варете уште 10 минути на крај додадете го сирењето и рибата за смесата да се згусне.