Чорба која може да замени еден оброк во денот!
Знаејќи со какво темпо живееме, свесни сме дека се помалку време останува за во кујната, а сите сакаме вкусен и здрав оброк. Подгответе си брза и лесна чорба од компири која може да го замени ручекот.
Потребни состојки: 3 компири исечкани на коцки, 2 лажици масло, 3 лажици брашно, 1 китка магдонос, 1 главица кромид исечкана ситно, малку мајчина душица, 1 мала лажичка црвен пипер, 3 лажици кисела павлака, 1 жолчка од јајце и сол по вкус.
Подготовка: Од маслото и брашното направете запршка, додадете го кромидот и пржете додека не се зарумени. На запршката додадете го компирот, магдоносот и црвениот пипер. Добро измешајте ја смесата, па додадете 1 1/2л вода и варете додека компирите не омекнат. Жолчката од јајце изматете ја заедно со павлаката и додадете ја во топлата супа.
Добар апетит!