Чоколаден десерт кој мора да го пробате!
Ви се јаде нешто слатко, чоколадно и калорично? Добивте желба за слатко и сте во искушение да изедете пакет наполитанки или цела чоколада? Одолејте им на предизвиците и направете квалитетно домашно слатко што ќе ја задоволи желбата за шеќер и нема да и наштети на вашата линија доколку го јадете во умерени количини. Тартуфите со лешници потекнуваат од Франција, со децении се омилениот десерт на многу генерации.
Состојки:
250 гр темно чоколадо (најмалку 60% какао)
125 мл слатка павлака
25 гр путер
малку сол
1 грст печени лешници
200 гр сецкани лешници
100 гр чоколадо за готвење
состојки по избор (цимет, чили, какао во прав, шеќер во прав)
Подготовка:
Скршете го чоколадото и додадете сол на него. Во друг сад растопете го путерот на тивок оган, додадете ја слатката павлака и пред да зоврие, тргнете од оган и прелијте го чоколадото. Изматете со миксер за да се стопи чоколадото полесно и целосно да се соедини со путерот и павлаката. Кога чоколадото ќе се стопи и смесата ќе биде изедначена и ладна, ставете ја во фрижидер и оставете ја најмалку два часа. Извадете ја смесата од фрижидерот и формирајте топчиња со дланките, а потоа во секоја притиснете по еден печен лешник. Топчињата извалкајте ги во растопено чоколадо за готвење во кое претходно сте додале сецкани лешници и прелијте ги со некои зачини.