Хороскопски парови совршени за авантура, но не и за врска!
Освен што се компатибилни во кревет, тие немаат ништо заедничко. Погледнете кои се овие хороскопски комбинации.
Лав и Овен – Овенот сака да испроба нови работи, а страствените Лавови се отворени за сè. Тоа ги прави совршен пар, но само во кревет. Во врска, и Лавот и Овенот се навистина посесивни и напорни луѓе и сакаат да ги контролираат своите партнери.
Водолија и Риби – Овие знаци се толку слични што никогаш не можат да се вклопат во љубовна врска. Но, сексот помеѓу нив е одличен, па најдобро решение за нив, доколку има привлечност, е да бидат „пријатели со привилегии“.
Рак и Бик – Кога овие знаци спијат заедно, не станува збор за секс, туку за најнежната љубов. Но, бидејќи двата знака се навистина емотивни, љубовната врска обично ќе заврши по првата кавга.
Стрелец и Риби – Ова е совршен пар за една ноќ и ништо повеќе од тоа. Стрелецот сака авантури, излегувања и дружења, додека романтичните Риби имаат други приоритети.
Шкорпија и Овен – Сексот помеѓу најимпресивните знаци мора да биде неверојатен, но врската е катастрофална.