МодаУбави совети

Фризурата која славните дами ја најавуваат како голем тренд за оваа сезона

Кога станува збор за фризурите, постои една која оваа сезона ќе биде апсолутно модерна и која доколку ги следите трендовите, мора да ја пробате.

Станува збор за варијанта на популарната боб фризура, наречена „слик боб“, односно боб фризура која е залепена во горниот дел и волуменозна во долниот дел. Должината е малку подолга од стандарниот боб: назад завршува под вратот, а напред кај клучната коска.

Многу познати дами на гламурозните настани последниов период прошетаа токму со ваква фризура: Бела Хадид, Кендал Џенер, Нина Добрев, Емили Ратајковски и Оливија Кулпо.

Па, ако имате доволно храброст, исечете ја косата и бидете тренди!

https://www.instagram.com/p/BYy1CSHHBOE/

https://www.instagram.com/p/BZCf4udFs5Y/

https://www.instagram.com/p/BY99R2GFe18/

https://www.instagram.com/p/BZAEvbDgJWE/

Поврзани статии

Back to top button