Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Петок е! Опуштете се со добра комедија! Одбравме филм кој добро ќе ве забавува.
Филмот „Why Him?“ е режиран од Џон Хамбург, а главните улоги ги толкуваат Џејмс Франко, Брајан Кренстон и Зои Деуч. Што се случува кога ќерката ги запознава своите родители со нејзиното момче кое е целосно откачено и нејзиниот татко не може да се помири со фактот дека токму тој чуден човек ќе му биде зет за ќерка? Урнебесен филм кој ќе ве изнасмее!