Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Постојат филмови кои се типично женски. Нив многу ги сакаме. Еден таков е и нашиот денешен предлог, филмот “Under The Tuscan sun”.
Хероината на овој филм е харизматичната Франсес која разочарана после разводот од нејзиниот брак, одлучува да отпатува во совршената Тоскана за да се пронајде себеси. Но, таму пронаоѓа стара вила и одлучува да остане да живее во симпатичната Италија. Одеднаш, целиот нејзин живот добива сосема нов, неочекуван тек кој Франсес не го очекува. Во филмот, освен маестралната глума, ќе ве маѓепасаат и кадрите со најубавите тоскански предели, Поситано и Фиренца.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Дајан Лејн, Сандра Ох, Линдзи Данкан и Раул Бова.