Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Петок попладне е време кога се прибирате дома и конечно може да олабавите од работа, телефон кој упорно ѕвони и здодевни луѓе.
Петок попладне е вистинско време за да погледнете добар филм.
Нашиот предлог за овој петок е филмот Manchester by the Sea. Режијата на филмот е на Кенет Лонерган, а главните улоги ги толкуваат Кејси Афлек, Мишел Вилијамс, Кајл Ченделр и Лукас Хеџ.
Филмот ја раскажува приказната за еден осамен човек кој по смртта на неговиот брат мора да се грижи за неговиот внук кој е бунтовен тинејџер. За тоа колку е добар овој филм зборуваат наградите: Manchester by the Sea освои Златен глобус за најдобар актер и Оскар за најдобро оригинално сценарио и најдобар актер во главна улога.