Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Понеделнички, изгледајте една комедија која ќе ве изнасмее и ќе ви го подобри расположението.
Максимо кој има историја во заведување на повозрасни жени го доживува најнепријатното изненадување во својот живот кога неговата осумдесет годишна жена го заменува за многу помлад човек. Приморан е да се исели од нејзината луксузна вила и да започне да живее со неговата чудна сестра Сара и нејзиниот син Хуго со кои ќе научи што значи да се има семејство. Но, Максимо сфаќа дека мора да направи стратегија како повторно да се врати во светот на луксузот и скапите нешта…
Филмот е во режија на Кен Марино, а главните улоги ги толкуваат Еухенио Дербес и Салма Хајек.