Убави книги и филмови
Филм за убав ден {04.08}
Петочно, изгледајте ептен добра комедија која максимално ќе ве релаксира после напорната работна недела.
Предлог филмот за денес е во режија на Тод Филипс, човекот кој ја режираше и франшизата Hangover. Главните улоги ги толкуваат Роберт Дауни Џуниор и Зах Галифианакис.
Еден човек за брзо треба да стане татко, но, наместо бебето центар на приказната станува еден чуден тип и започнува една невообичаена авантура!