Убави книги и филмови
Филм за убав ден
За денес одбравме филм кој зборува за љубовта од една друга перспектива.
Филмот е режиран од Дејвид Меккензи, а главните улоги ги играат Јуан Мекгрегор и Ева Грин.
“Perfect Sense“ не е типична романтична приказна каде вљубените парови завршуваат со свадба и долги години среќен живот. Ова е приказна за моментите кога љубовта се става на важни тестови. Во време на масовна епидемија од чуден вирус кој ги напаѓа сетилата, врската на двајца млади луѓе ќе биде ставена пред голем предизвик: дали љубовта може да постои ако сите други сетила исчезнат…