Убави книги и филмови

Филм за убав ден

Иако Барак Обама повеќе не е претседател на САД, неговите два мандати остануваат во историјата и ќе се прераскажуваат. Како влијателен човек, логично е дека беше инспирација за филмските работници. Токму денешниот предлог за филм е инспириран од Обама, но не за неговите политички одлуки или документите кои ги потпишал туку за нешто друго.

Дали некогаш сте се запрашале кои биле Барак и Мишел пред да влезат во Белата куќа? Филм кој ја раскажува љубовната приказна на поранешниот претседател на САД и Првата дама. Филмот Southside with you ќе ви ја раскаже љубовната приказна на еден од најхармоничните парови во светот на политиката. Сценариото и режијата се на Ричард Тан, а, во улогите на Барак и Мишел Обама се појавуваат актерите Паркер Сојерс и Тика Самптер.

Поврзани статии

Back to top button