Уште од самиот почеток знаев дека ќе треба да бидам малку поинаква мајка
Правилно да пораснеш дете денес е вистински предизвик.
Моето дете порасна без татко. Со други зборови, јас сум самохрана мајка. И уште од самиот почеток, знаев дека ќе треба да бидам малку поинаква мајка ако сакам да го скршам стереотипот: нецелосно семејство – несреќно семејство.
За овие 14 години мајчинство, сфатив дека некои “закони” се потребни за да од детето направите силен човек, па сакам да ги поделам со вас:
Никогаш не го исмејувате, немојте да му се смеете на детето.
Имајте време за него, на сите негови прашања дадете одговор.
Барајте совет и заедно носете некои одлуки.
Заборавете ја реченицата “Сто пати ти кажав”.
Пофалете го секогаш кога го заслужува тоа.
Бидете му поддршка, најдобар пријател и негов мотиватор.
Бидете на негова страна, но бидете и негов критичар кога е тоа потребно.
Начуете го дека мирот и љубовта се најважни во животот. Животот е црно – бел, не цветаат рози постојано. Тој што работи, тој и греши. Секој проблем си бара внимание, но има и решение.