Три тајни за долга и среќна врска!
Одржување здрава врска воопшто не е едноставно, а секогаш е важно да се има трпение и волја. Ви спремивме три совети до кои се придржуваат французинките за да ја задржат љубовната искра.
1. Фокусирајте се еден на друг
Ова е тешко да се постигне секојдневно, но многу е важно да одвоите време само за вас. Работата, грижата, обврските, децата, пријателите и семејството можат да причекаат барем саат време. Бидејќи ако не можете да посветите малку време на партнерот, вашата искра постепено ќе почне да се гаси.
2. Отпуштете се заедно
Развиете долгогодишна навика за патување и одмор. Само вие двајца, а можеби и за време на викенд. Локација не е толку важна, колку е важно да бидете вие двајца и да се присетите зашто сте се вљубиле и одлучиле заедно да поминете низ целиот живот.
3. Не занемарувајте ја улогата на долниот веш
Французинките се светски познати по својот стил на облекување и по тоа што даваат голема важност на долната облека. Така, во нивните гардеробри секогаш има неколку убави сетови долен веш. Иако не е толку важно, убавиот долен веш е пријатно изненадување што секогаш ќе го забележи партнерот.