Три супер возбудливи и непредвидливи книги!
Уживајте во овие три интересни и неверојатно возбудливи книги!
Трите ќерки на Ева (Елиф Шафак) На пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита, на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати, но и да си го спаси животот, на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ реликвија од минатото, но и непребол што очајно се обидува да го заборави. Додека градот го тресат терористички напади, во Пери навираат живи спомени од идиличното детство со нејзиниот мистичен придружник, и од студентските денови на Оксфорд, кога првпат го напушта родниот град. Си спомнува на двете најверни другарки од сликата, бунтовната Иранка Ширин и набожната Египќанка Мона и нивните конфликти за идентитетот, религијата и феминизмот, но и на харизматичниот професор Азур, чиј контроверзен предмет ги преобразува животите на студентите. Како што се стеснува обрачот на тероризмот, Пери е принудена да се соочи со болниот спомен од детството и најпосле – со оксфордскиот скандал што неповратно ги раскинува сите врски меѓу нив…
Приказна за новото презиме (Елена Феранте) Двете неразделни другарки сега се шеснаесетгодишнички што тргнуваат по различни патишта, судирајќи се со семејството, политиката, љубовта, верноста и, пред сè, со пријателството. Новото презиме и корумпираноста го заробуваат немирниот дух на Лила, а Елена го напушта задушливиот провинциски живот за да го продолжи образованието. По заедничкото летување и неочекуваниот пресврт што им го искушува пријателството, Елена тивко страда поради нејзиното предавство. А кога Лила ја замолува да ѝ почува една скришна кутијка со своевидни дневници, Елена не може да не ги прочита – а потоа огорчено ги фрла во реката… Со својот жесток набој и истанчен усет за нијанси и детали, Феранте мајсторски ја ткае приказната испреплетувајќи ги живите сеќавања на Елена и интимните записи на Лила. Овој колаж од две судбини е моќно сведоштво за суровоста на женското созревање во еден машки свет.
Спасителот (Ју Несбе) Во летувалиштето на Војската на спасот силувана е една четиринаесетгодишничка. По дванаесет години, на предбожикниот концерт на оваа организација, некој од толпата убива еден од нејзините војници. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец, но стручњакот за препознавање лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика… Инспекторот Хуле тргнува во лов на човекот без лице што го води во поранешна Југославија, и назад во подземјето на норвешката престолнина, во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача…