ЖивотУбави совети

Три состојки и три минути подготовка: Пире од јагоди – десерт кој може да трае со месеци

Свежите јагоди се погодни за подготовка на одлично пире, а вистинско задоволство е да се јаде десерт од ова омилено овошје во текот на целата година.

Пирето од јагоди не е сварено и е малку засладено, што токму по тоа се разликува од џемот. Може да трае до пет дена доколку се чува во херметички сад во фрижидер. Може да се замрзне и да се чува до три месеци.

Тоа е одличен додаток на палачинки, сладолед, колачи и пити. Верувајте ни, нема да зажалите доколку го подготвите.

Состојки:
600 грама свежи јагоди
1/2 лимон со средна големина
30 грама шеќер

Подготовка
1. Јагодите се сечат на четвртинки и се ставаат во блендер. Потоа додадете го сокот од половина лимон и шеќерот.

2. Измешајте ги сите состојки додека смесата не се изедначи и соедини, 1-2 минути.

3. Подготвен за послужување или замрзнување!

Поврзани статии

Back to top button