Убави книги и филмови

Три интересни романси!

Читајте романси, верувајте во романси! 

Само најсекси маж кој постои (Џули Џејмс) Млада, успешна адвокатка која си ја обожува својата професија. Паралелно со судењето, на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Нема жена која може да му одолее, освен таа која тој најмногу ја посакува. Има ли потреба да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата… Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест?

Господин Неодолив (Сузан Е.Филипс) Се ближи најфамозната свадба на годината… Луси Јорик е ќерка на поранешната претседателка на Америка. Мег Коранда е дете на филмски ѕвезди. Едната од нив треба да се омажи за господинот Неодолив – Тед Бодин – миленичето на Винет, Тексас. Другата не е среќна поради тоа и решена е да ја спаси својата пријателка од болка. Но иако Мег знае дека откажувањето на свадбата на нејзината најдобра пријателка е вистинскиот потег, очигледно е дека никој друг не се сложува со неа. Па таа станува најомразената жена во градот…

Проблемот со бившите (Лорен Лејн) Ема Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот. Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница…

Поврзани статии

Back to top button