ЖивотУбави совети

Дали знаете што е љубов? Ја сметате ли за навика или за експлозија од среќа?

Дали знаете што е љубов? Ја сметате ли за навика или за експлозија од среќа? Велат дека љубовта покрај се е и интензивно чувство на блискост, кога заедно со партнерот работите на зедничко емоционално задоволство. Сепак дали работите се навистина толку едноставни?

Често со љубов ги поврзуваме “симптомите” кои се карактеристични само за флерт или врска со краток рок. Некогаш иако чувствувате среќа тоа не значи дека сте поред својата совршена половина. Понекогаш овие работи не збунуваат и не знаеме дали се работи за љубов или за нешто во кое моментално уживаме, но набрзо ќе згасне. Овие три знаци често ги поврзуваме со заљубеност, но тоа е само само наша фантазија.

Забава. Со него ви е супер забавно, умее да ве насмее и да ви го разубави денот. Но, тоа не мора да е знак дека сте покрај вистинскиот, оти и пријателот знае да ве насмее, нели? За љубов е потребно нешто повеќе.

Пеперутки. Научени сме дека пеперутките во стомакот се прв знак на заљубеност, но релано е дека пеперутки може да се почувствуваат и во многу други ситуации (кога ќе положите испит, кога ќе си ги купите омилените чевли, кога ќе добиете внуче…) Така да ова не е знак на кој можете цврсто да се фатите.

Страст. Можеби сексуалниот живот со него ви е фантастичен и хемијата која ве поврзува е на високо ниво, но тоа се случува дури и кога нема никакви романтични емоции меѓу вас. Страста навистина е знак кој е потребан на секоја среќна врска, но не значи дека е тој вистинскиот за вас само поради тоа шт страста е на завидно ниво.

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button