Трик со чија помош уште во продавница ќе знаете дали тоа ќе се удобни високи потпетици или не!
Колку често ви се случува во продавница, кога ќе пробате високи потпетици и ќе направивте само неколку чекори во нив да ви изгледаат многу удобни и лесни, но кога прв пат ќе ги облечете откако ќе ги купите да доживеете вистинска ноќна мора? Тоа е ситуација која ја има погодено секоја жена повеќе од еднаш, сигурно.
Решение на овој проблем постои и тоа е еден мал трик кој ќе ви го олесни изборот на чевлите за само неколку секунди!
За да знаете дали високите потпетици се удобни, потребен ви е само едно метро. Вие дури и не мора да ги пробате. Удобноста на чевлите зависи од оддалеченоста на штиклата од самата платформа или од основниот дел на чевелот. Ако растојанието помеѓу стапалото и петицата е помало од 7,5 сантиметри, чевлите нема да бидат удобни, без оглед на висината на штиклата. Растојанието колку е пократко, толку е поголема наклоноста и поголемата тежина паѓа на прстите, а со тоа се појавува и поголема непријатност и болка.
Која е поголема разликата од штиклата до ѓонот, толку поблиску сте до чевлите со кои е удобно да поминете цела ноќ без проблеми.