МодаУбави совети
Трендот кој на многумина нема да им се допадне ќе завладее оваа сезона!
![](https://ubavo.mk/wp-content/uploads/2018/02/skaj2-564x470.jpg)
Материјалот што беше составен дел од грамофонските плочи сега е главниот тренд за оваа сезона. Станува збор за винил. Тој влезе во светот на модата преку чевлите, а потоа се префрли во облеката и понуди освежувачки изглед на класичните парчиња од кожа. Овој тренд стана апсолутно ин што неизбежно ќе се носи оваа сезона.
Судејќи според полиците во повеќето бутици и трговски центри, винилот го освојува пазарот оваа сезона, и неизбежно ги привлекува сите погледи!