МодаУбави совети
Трендовско парче кое мора да го имате во плакарот!
Мантилите се класично парче облека и модата никогаш нема да им помине, а оваа сезона се голем хит.
Сепак, би требало да подзаборавите на класичниот барбери модел и да си дозволите уникатен и штосен модел на мантил. Во тренд ќе бидат мантили со флорален принт, во пастелни нијанси, оние кои се комбинација од два различни материјали и карираните.
Најголемата предност кај ова парче облека е што буквално одговара со се: може да го носите со фармерки и маичка со принт, но и да го облечете над вашиот омилен мал црн фустан!