Јас сепак ја сакам повеќе од човекот кој ја држи за рака…
Стојам од страна и гледам, јас сепак ја сакам повеќе од човекот кој ја држи за рака. Таа иако не е со мене одамна, се уште е дел од мене. Ја има заслугата да биде моја, во мислите моја, единстевна, инаетлива, искрена и чиста. Да се грижам за неа и кога друг ја чува, ја прегрнува, ја бакнува и шета. Не велам дека он не ја сака, ама јас ја сакам барем дупло повеќе. Нашите години тој не може да ги избрише, не може да ги уништи ни спомените. Само тие ќе останат наши. Нека и врви времето со него, им посакувам среќа. Нејзината среќа нека е и моја. Нека се радува и насмевнува со таа насмевка од милион долари постојано. Тој нека ја пази, мази и чува како капка роса, оти таа само така заслужува. А, јас од страна ќе ја гледам и душата убавини од неа ќе си ја полнам. Таа е жена која ретко кој може да не ja сака. Мислам на мажите, оти жените често и завидуваат. Да, она не е како секоја жена, не е зајадлива, двосмислена и пресметлива. Полна искреност е таа. И баш затоа таа е моја и кога не е моја! Таа ќе е моја вечно!