Твојот бивши дечко е идиот!
Да, убаво слушаш. Класичен идиот е твојот бивши дечко. Вистински неранимајко. Тој е дете заробено во тело на возрасен момак. Со инает ги решава сите проблеми, со инает заспива со инает и се буди. Ме потсетува вашата приказна на цртан филм, на Том и Џери, што ми направи дупло ќе ти вратам. Само недоделкан маж може да размслува така, жими мајка ти кажувам. Два грама ум нема во таа намазана глава. Си го наполни егото, сакаше да се покаже како алфа маж а се избрука пред другарчињата и сега што? Плаче.Сигурен сум дека плаче дома на само, во тоалетот заклучен или под перница. Онака тивко никој да не го чуе, оти мисли дека мажите не смеат да плачат. Кога бил мал изгледа му викале дека солзите се само за девојчињата, па од такви причи е фрустриран па затоа е ваков ден денска. Мисли дека добива дури и кога губи, дека е среќен кога друг растажува, дека ако се смее ко недоделкан тагата ја прикрива. Не ме гледај така, сериозен сум, мајќе ми дунде ти е бившиот. Земи прибери се, не цимоли туку делувај. Одлучи се жено, дете возрасно сакаш за цел живот? Сакаш? Оди повторно прости му, прегрни го и глуми дека си заборавила. Глуми душо, глуми, оти он таква те сака… Е што се мрштиш? Зашто му правиш брчки пред време на тоа убаво лице? Не ти се глуми више, не ти се враќа, не ти се понижува? Земи исплачи се бе, ќе ти олесни. И не ми се лути што уште одма го вика бивши ама стварно сакам да е бивши, те сакам среќна бе чоек, тешко е да ме сфатиш??? Ај стани брат, ај по една да се напиеме, трк дотерај се и со насмевка нашминкај се.