Супер едноставен трик – Велигденски јајца совршени за украсување
Целосно белите јајца изгледаат многу ефикасно, а се идеални за украсување со впечатливи бои. Имаме одличен совет за вас како да ги избелите обичните жолти јајца, а процесот е многу едноставен, па во неколку чекори ќе добиете совршено бели јајца кои ќе можете да ги декорирате по желба.
Што ви е потребно за да ги „обелетете“ јајцата?
– Тенџере
– Вода
– Оцет
– Јајца
– Лажица
– Мала чинија
Процес на белење
Во сад се ставаат јајцата и се додаваат вода и оцет во сооднос 1:1. Најдобро е да се стави една чаша оцет, па една чаша вода и да се додава наизменично додека јајцата не се покријат со течност. Потоа се вари.
За време на готвењето одозгора ќе се формира пена која можете да ја извадите со лажица во помал сад.
Кога водата ќе зоврие, варете ги јајцата десет минути. Откако ќе се сварат, прелијте ги со ладна вода и почекајте неколку минути. Секое јајце исплакнете го под вода, „средете“ го со сунѓер и готово – добивате бели јајца погодни за декорација.
Јајцата се спремни за понатамошно украсување, но имајте на ум дека овој процес ја разредува лушпата, па при украсувањето внимавајте да не пукнат.