ЖивотУбави совети

Среќна жена за среќен живот

За една врска да биде успешна потребно е двајцата партнери да се среќни. Но, постои една англиска народна поговорка која вели вака: “Happy wife, happy life”, односно „Среќна жена за среќен живот“.

И се чини дека е повеќе од вистината. Кога партнерката е среќна во врската или бракот, партнерот автоматски е посреќен, порасположен и позадоволен од себе и својата врска.

Експертката за брачни односи и професорка по психологија Дебора Кар на оваа тема вели:

„Мислам дека се се сведува на фактот на тоа оти кога жената е задоволна од врската и бракот, подготвена е да направи многу повеќе за доброто на својот сопруг и семејството, што има позитивно влијание врз мажот. Мажите не зборуваат многу за своите емоции, така да нивната среќа или несреќа не може многу да влијае врз жената. Но, од друга страна жената влијае на мажот. ако таа е несреќна и незадоволна автоматски и мажот станува таков и тука почнуваат проблемите.“

Таа ги советува мажите да имаат разбирање за своите партнерки, да слушаат, да сочувствуваат, да покажуваат дека ја сакаат и да се трудат да ја направат задоволна и насмеана, па таа ќе се труди двојно повеќе и резултатот е среќен и успешен брак.

 

Поврзани статии

Back to top button