Со која храна можете да си го зголемите либидото?
Со оглед на степенот на стрес со кој се соочуваме секој ден и товарот на притисоците наметнати врз нас, ниското ниво на либидото е проблем на многу жени и мажи.
Сепак, сексуалниот живот е важен дел од секој однос и не треба да го занемариме. Многу фактори можат да влијаат на либидото, менталното здравје, статусот во односите и многу други фактори.
Без оглед колку се трудите, либидото понекогаш е незамисливо. Сепак, постојат одредени начини кои ќе ви помогнат да ја разбудите желбата за секс, а тоа се сосема природни методи, во облик на храна.
Не е залудно кажано дека љубовта оди преку желудникот, а научниците откриле дека има храна, т.н. афродизијаци, кои навистина можат позитивно да влијаат на либидото.
Се покажало дека медитеранската исхрана е многу добра за подигање на сексуалната желба, бидејќи таа содржи некои од храните кои имаат силен афродизијак ефект. Подолу ќе откриеме храна што може да има корисен ефект врз вашата сексуална желба.
- Лути пиперки
- Лубеница
- Ѓумбир
- Лосос
- Јаткасти плодови
- Мака-прав