МодаУбави совети
Со какви чизми да ја дочекате 2018?
Доколку се двоумите со какви чевли да ја прославите новогодишната ноќ ние ви предлагаме да заблескате во најмодерните чизми кои ќе ја одбележат 2018.
Нема да треба да изгубите многу време барајќи ваков модел, бидејќи навистина се ин и со мала обиколка по продавниците ќе можете да го најдете својот соодветен дезен и модел. Дали ќе се одлучите за високи над колената или ниски над глужовите се зависи од вашиот вкус. На време купете го својот омилен модел чизми и пречекајте ја новата година во уникатен моден аутфит.