МодаУбави совети
Совршена модна комбинација за рана пролет: Плетени елеци и кожни панталони
Инфлуенсерки, актерки, трендсетерки – сите се едногласни за една модна комбинација: плетен елек и кожни панталони оваа пролет ќе бидат апсолутен хит!
Дека плетениот елек е основен тренд во уличната мода, барем за раната сезона на 2021 година, на сите им стана јасно досега. Без разлика дали ќе изберете стар и долг елек од „гардероберот на дедо“ или ќе се одлучите за некој од предимензионираните модели оваа година, трендсетерките велат: искомбинирајте го во комплет со тесни кожни панталони и изгледајте ултра модерно.