Убави дестинации

Скапоцениот камен кој плови на Егејско море!

Денес ве носиме на најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на 200км од Солун. Познат е по своите густи борови шуми, огромен број на маслинови дрва, прекрасни заливи, долги песочни плажи  и исклучително блага клима. А, комбинацијата на борови шуми и мирис на море гарантира релаксација. 

Често го нарекуваат “Смарагд на Егејско” поради бистарата и чиста вода или “Шума која плoви”. Богат е со надалеку прочуен мермер, мед и маслиново масло.

Limenas е главниот град на Тасос и брои околу 3.500 жители. Бил изграден на античкиот град на Тасос, кој се наоѓа помегу две пристаништа, две градски плажи и не малку на број прекрасни плажи во својата околина. Во него ќе сретнете голем број на таверни, кафулиња, ресторани, бутици, дискотеки кои ќе го надополнат вашиот одмор.

Освен двете градски плажи, во околина има десетина преубави плажи кои вреди да се посетат (Tarzanas, Glifada, Papalimani, Pahis, Macryammos, Golden beach) со помош на организиран превоз како што се мали и нешто поголеми бродчиња, минибуси и такси превоз. 

 

Поврзани статии

Back to top button