ЖивотУбави совети

Секое утро пијте по една шолја од овој чај

Чајот од лист од смоква може да ви помогне да се ослободите од многу здравствени проблеми.

Многумина го нарекуваат чајот од смоква лист „еликсир на животот“, бидејќи е богат со антиоксиданси и влакна, витамини А, Б1 и Б2, како и минерали – калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.

Овој чај помага првенствено при проблеми со бронхитис, дијабетес, висок крвен притисок, чир на желудникот, како и корегулација на нивото на шеќер во крвта.

Покрај тоа, овој едноставен и многу ефикасен напиток е добар и за намалување на нивото на триглицериди во крвта, што обезбедува дополнителна заштита на срцето и крвните садови. Пиењето чај од лист од смоква, исто така, може да помогне во спречување на дијабетес, бидејќи ја зголемува чувствителноста на инсулин.

Некои од ефектите на овој моќен пијалок се како што следува:

– ги зајакнува коските
– помага при кожни болести
– помага при анемија
– спречува запек
– помага при рани од рак

Листовите смокви измијте ги и исцедете ги на кујнска крпа, па повремено вртете ги на место каде што има провев, но не на сонце. Кога листовите ќе се збрчкаат и ќе почнат да се рушат под вашите прсти – ќе знаете дека се суви.

Потоа издробете ги и ставете ги во стаклена тегла со капак, а потоа подгответе го чајот – на 200 мл зовриена вода ставете 1-2 лажички суви листови смоква, поклопете и оставете да отстои околу десет минути. На крај процедете го.

По една шолја од овој чај треба да се пие секое утро, со појадок.

Можете да џвакате и листови смоква, а тоа се препорачува дури и ако имате проблеми со чир на желудникот.

 

Поврзани статии

Back to top button