ЖивотУбави совети
Свадба во есен е супер идеја!
За многу млади кои се спремаат за венчавка, свадба во есен е незамислива поради променливото време.
Но, сакаме да ве разубедиме во тоа. Есента може да биде совршено време за свадба и да ви понуди многу можности, особено кога декорациите се во прашање.
Па, доколку вашата свадба е токму оваа есен, слободно украдете некоја од следниве идеи! За вистинска есенска приказна, декорирајте со жолти листови, жито, тикви, коноп, овошје, цветови во жолта и портокалова боја, свеќи… Направете вашиот венчален фото – албум да изгледа како најубавата сликовница на тема: есен! 🙂