Од васУбави муабети

Само треба да не гушне некој, силно да ги обвие рацете околу лузните…

Дали некогаш си имаш гризнато од празнината?…
Не, озбилно…
Дали имаш осетено како на врв на јазикот е собран целиот врисок што е во тебе…а не излегува, гуши, ти го копа грлото? Па си мислиш дека си посебен, единствен кај што болка гради темели па ги урива и пак и пак исто…
Абе да му се плукнам какви сме ние, сите за никаде.
И сите сме посебни. Ние сме Тие- отфрлени, заборавени, оставени..
Тие што отфрлаат, оставаат и забораваат.
Секој со своите болки, секој со своите неостварени соништа, сите со своите сокриени солзи, недофатни љубови,
скршени кукли,
скршени срца,
скршени души…
А можеме многу, знаеш?!
Само треба да не гушне некој, силно да ги обвие рацете околу лузните, само малку повеќе да не сака, онака како што знаеме длабоко во себе и ние да сакаме…
А сме заборавиле, проклето многу нешта сме заборавиле…

Маја Спасовска

Поврзани статии

Back to top button