Сакате есенска бајка во домот?
Природата во есен е волшебна затоа што изобилува со бои. Толку е шарена, топла, прекрасна. Ретко кој не ужива во есен да шета надвор и да се воодушевува на лисјата кои ја менуваат бојата и го бојат градот во златно-жолти и портокалови нијанси.
А зошто да не ја внесете магијата на есента и во домот?
Излезете на прошетка во најблискиот парк и соберете ги најубавите лисја, па со нив декорирајте го домот. Погледнете ги нашите идеи како и дома да ви биде есен…
Со помош на доплофан залепете ги лисјата на силиконски рибарски конец и закачете ги на корнизите.
На истиот начин може да ги ставите и на сува гранка и да му дадете живот на наекој празен ѕид.
Лисјата може и да ги врамите. Потребни ви се празни и штосни рамки. Со помош на селотејп ставете го листот на ѕидот, па ставете ја рамката.
Направете венец од лисја, шишарки, костени. Наредете ги лисјата на полиците во домот.
Обичните стаклени тегли претворете ги во уникатни есенски свеќници.
Во свеќниците може да додадете пченка или ореви за вистинско есенско доживување.
Балконот може да го украсите со лустер од лисја. Потребна ви е кружна метална конструкција на која ќе ги закаќите листови.
Употребете ги и новогодишните сијалички. Во голем стаклен сад ставете ги заедно со лисјата.
И не заборавајте, во недостаток на свежо цвеќе да ставите гранки со пожолтени лисја во вашата омилена вазна.